ЖИЧНИЦАТА ЗАПРЕ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР Кога ќе се смири времето, ќе продолжи со работа

113

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје.

Претпријатието ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.






Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.

Од ЈСП очекуваат разбирање од граѓаните за состојбата.

Поврзани содржини