ЖИЧНИЦАТА СО НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ Од утре последната гондола за нагоре е во 17.30 часот

Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот Жичарницата не работи поради редовни сервиси, посочуваат од јавното претпријатие.

114

JСП Скопје информира дека Жичницата од утре, сабота (1.10.2022 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу.

– Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот Жичницата не работи поради редовни сервиси, посочуваат од јавното претпријатие.






Во недела (2.10.2022 година), во период од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

Поврзани содржини