Жичницата не работи, а се укинуваат и бесплатните автобуски линии до Средно Водно

Поради воведените мерки и препораки за заштита од коронавирусот, паркирањето на Средно Водно исто така ќе се наплаќа секој ден, според утврдениот тарифник.

186

Градот Скопје ги информира граѓаните дека од денеска жичницата на Водно нема да работи, во согласност со мерките и препораките за заштита од корона вирусот.

„Од денеска нема да сообраќаат ниту трите бесплатни автобуски линии до Средно Водно (со броевите 25, 25А и 25Б), а во согласност со тоа, во катната гаража „26 Јули“ паркирањето ќе се наплаќа секој ден од неделата, според утврдениот тарифник. Поради воведените мерки и препораки за заштита од коронавирусот, паркирањето на Средно Водно исто така ќе се наплаќа секој ден, според утврдениот тарифник. Навреме ќе ги информираме граѓаните за секоја промена на новонастанатата ситуација во нашата земја“, наведено е во соопштението од Град Скопје.

Поврзани содржини