ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО НЕ РАБОТИ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР Јачината на ветрот ги надминува дозволените граници за безбедно возење

145

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денеска (11.01.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.

Јачината на ветрот ги надминува дозволените граници за жичница да функционира непречено и безбедно.






Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, соопштија од ЈСП Скопје.

Поврзани содржини