ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО ЌЕ РАБОТИ ДО 18 ЧАСОТ Во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу
Жичницата од денеска, среда (1.04.2026 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.
Согласно со Одлуката за возен ред во април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичницата се неработни денови.