ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО Е ИСПРАВНА И БЕЗБЕДНА По редовниот сервис ќе биде пуштена во употреба
Жичницата има валиден сертификат за работа до 24.9.2025 година. Во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис, информираат од ЈСП Скопје.
По многуте пишувања и шпекулации во медиумите, должни сме да не дозволиме да се создаде паника околу безбедноста на жичницата, информира ЈСП „Скопје“.
„Жичницата има валиден сертификат за работа до 24.9.2025 година. Во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис. Исто така, денеска е направен вонреден детален технички инспекциски надзор од страна на Министерството за транспорт и врски во кој не беа констатирани технички недостатоци, односно беше констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба“, се вели во оопштението од ЈСП.
Безбедноста на жичницата е по сите пропишани стандарди, се додава во соопштението.
„По завршување на тековниот сервис кој се врши месецов се гледаме на падините на Водно. Граѓаните повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата“, соопшти ЈСП Скопје.
