ЖИЧАРНИЦАТА УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ Редуцирана и автобуската линија 25
Времениот прекин на функционирање на објектот ќе биде поради изведување на планирани активности во електродистрибутиваната мрежа во реонот на Средно Водно.
Утре – 28.09.2022 година, Жичарницата до 14.30 часот нема да работи. Времениот прекин на функционирање на објектот ќе биде поради изведување на планирани активности во електродистрибутиваната мрежа во реонот на Средно Водно.
Автобуската линија 25 (Транспортен центар – Средно Водно) ќе има изменет возен ред од вообичаениот, односно ќе сообраќа во следниве термини.
Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч.
Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.