ЖИЧАРНИЦАТА НА ВОДНО СО МЕСЕЦИ БИЛА РИЗИЧНА ЗА ПАТНИЦИТЕ Синдикатот на ЈСП тврди дека работела без дозвола

Повеќе од десет дена жичарницата кон Милениумскиот крст е надвор од функција поради сервисен зафат, а синдикатот на ЈСП предупредува дека со години работела без дозвола, доведувајќи ја во прашање безбедноста на патниците и туристите.

1,922

Жичарницата што ги превезува скопјани и туристите од Средно Водно до врвот на ридот и Милениумскиот крст веќе повеќе од десет дена е запрена поради голем сервисен зафат. Но, Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП за „Вечер“ откри дека жичарницата во изминатиот период работела без работна дозвола.

– Жичарницата одамна не требаше да превезува патници. Немаше дозвола, а не знам зошто продолжи да функционира – предупредува Стојановски.






Тој вели дека состојбата станала критична и дека поправката сега ќе трае подолго бидејќи се работи за скапа и обемна инвестиција – само едно од тркалата тежи дури 190 килограми.

Жичарницата функционира повеќе од 14 години, а нејзината изградба чинеше 6,7 милиони евра. На крајот од минатата година, Владата најави дека ќе ја продолжи втората фаза од проектот – од Капиштец до Средно Водно. Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, тогаш истакна дека се прават анализи и пресек на проектот.

Додека институциите најавуваат доградба, јавноста бара одговори како било можно жичарницата да работи без дозвола, со што биле загрозени животите на илјадници патници.

Поврзани содржини