ЖЕСТОКИ ВЕРБАЛНИ НАПАДИ ВРЗ МИЛОШОСКИ „За антиалбанец како тебе нема место на политичката сцена!“
Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците – напиша Азири и додаде емотикон со тупаница
После инцидентот во Собранието, кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја опколија говорницата и местото на Адеми и прво Дафина Николовска, а потоа и Антонијо Милошоски, во обид да му го исклучат микрофонот, Адеми потоа стана и неколкупати го удри пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и фрли со предмети кон него, политичари Албанци жестоко се нафрлија на пратеникот Антонио Милошоски.
Министерот за економија, Крешник Бектеши со реакција по случувањата во Собранието.
– „Политичар“ каков што е Антонио Милошовски кој ништо ама баш ништо нема придонесено за оваа држава, освен поделба, национализам и омраза, ниту пак и дал на Македонија нешто вредно што треба да се памети, единствено по што ќе остане запаметен во времето е кога за него Албанците не требаше да имаат образование уште помалку високо образование. Антонио твоето време одамна помина, за личност каква што си ти во држава која е членка на НАТО воопшто не би требало да има место на политичката сцена – пишува Бектеши на својот фејсбук-профил.
Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири вечерва сподели видео од инцидентот во Собранието и му даде поддршка на Адеми.
– Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците – напиша Азири и додаде емотикон со тупаница.