🎥 ЖЕСТОКИ СУДИРИ МЕЃУ СТУДЕНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА ВО НОВИ САД Солзавец, шок бомби, пендреци, оган и чад по големиот собир

Според видеата на социјалните мрежи, во еден момент демонстрантите и полицијата се судрија пред факултетот, по што полицијата почна да ги разбива со шок-бомби, пендреци и солзавец. На ова протестантите возвратија, по што на улицие на Нови Сад настана голем хаос.

1,470

Полицијата вечерва интервенираше кај Филозофскиот факултет во Нови Сад и ги разби демонстрантите кои беа собрани ред факултетот, по големиот митинг во градот што го организираа студентите.

Според видеата на социјалните мрежи, во еден момент демонстрантите и полицијата се судрија пред факултетот, по што полицијата почна да ги разбива со шок-бомби, пендреци и солзавец. На ова протестантите возвратија, по што на улицие на Нови Сад настана голем хаос.







Се гледаат запалени предмети, многу чад, уапсени демонстранти. Тие гневно извикува кон полицајците и ги гаѓаа со камења и со други предмети.

 

Според известувањата на социјалните мрежи, во овие жестоки судири има повредени.

На видеата претходно се гледаат голем број на полицајци цо полна опрема како пристигааат со возила на местото на протестот.

Пред судирите во Нови Сад илјадници граѓани се собраа на големиот протест што го свикаа студентите, под мотото – Србија, дали се слушаме.  Причина за протесот е кршењето на автономијата на универзитетот и прекумерната употреба на сила од страна на полицијата за време на протестот во претходните денови пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование.

Тие им оддадоа почит на 16-те загинати кои настрадаа во уривањето на настрешницата на реновираната железничка станица во овој град.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека добило информации оти учесниците на непријавениот собир во Нови Сад имаат намера да ја нападнат полицијата која се наоѓа пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование во овој град.

Фото: Принтскрин

„Ги предупредуваме сите собрани да го почитуваат законот и да не ја напаѓаат полицијата. Во спротивно, полицијата ќе биде принудена да реагира и да ги преземе сите мерки предвидени со закон за да го заштити сопствениот живот, безбедноста и да го зачува стабилниот јавен ред и мир“, се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани содржини