ЖЕСТОКИ МЕРКИ ПРОТИВ ПОТПАЛУВАЧИТЕ Тошковски апелира граѓаните да бидат совесни

106

МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку објава на Фејсбук.

„Во овие тешки моменти кога се соочуваме со катастрофални пожари, уште еднаш апелирам до сите граѓани да постапуваат совесно и одговорно, да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари и да пријавуваат сомнителни активности“, наведе министерот.






Денеска е приведен жител на Радовишко кој признал дека подметнал два пожара во селото Али Коч.

 

ПРИВЕДЕН МАЖ КОЈ ПОДМЕТНАЛ 2 ПОЖАРА ВО РАДОВИШКО Во полиција го признал делото

Поврзани содржини