📽 ЖЕСТОКИ БИТКИ СЕ ВОДАТ ВО КАН ЈУНИС Хамас објави снимки од улиците во Јужна Газа
Во меѓувреме и двете страни губат многу жртви, но бројките на Хамас се поголеми, а некои во организацијата за тоа го обвинуваат лидерот Јахја Синвар, пишува Стјуарт Ремзи, дописникот на Скај Њуз.
Жестоки битки лице в лице се водат во градот Кан Јунис во јужна Газа, јавува Скај Њуз. Групата Хамас објави снимки за кои тврди дека се направени внатре во градот. Автентичноста на снимките уште не е потврдена.
Во меѓувреме и двете страни губат многу жртви, но бројките на Хамас се поголеми, а некои во организацијата за тоа го обвинуваат лидерот Јахја Синвар, пишува Стјуарт Ремзи, дописникот на Скај Њуз. Истворемено, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ги повика војниците на Хамас да се предадат и „да не умираат за Синвар“.
ИДФ го ажурираше бројот на ранети војници од почетокот на копнената операција во Појасот Газа, која започна кон крајот на октомври, на 582, покрај 104 загинати војници.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека десетици борци на Хамас им се предале, а дека истовремено приведуваат сѐ повеќе Палестинци и го водат на испрашување. Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека апсењата се извршени во две упоришта на Хамас – Џабалија и Шијаја.
Оние за кои се верува дека се членови на Хамас се однесени на истрага, додека на другите им е кажано да се упатат кон југ.
Scenes documenting what they are exposed to the enemy army in the battles in Khan Yunis, that the army fell into a quagmire full of ambushes and that there is what heals the issuance of believers.#أبوعبيدة #GazaZionistGraveyard#AshabulAqlam#FreePalestine 🔥🇵🇸 pic.twitter.com/xm182m4bb1
— Freedom Fighter (@biglanang) December 11, 2023
⚡ Fierce battles in the city of Khan Yunis. pic.twitter.com/WfrURGovGb
— War Watch (@WarWatchs) December 10, 2023
Русија побара да бидат ослободени сите преостанати заложници држени во Газа, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи. Рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов го упатил барањето во телефонски разговори со Хамас и други палестински фракции, се додава.
Изјавата уследи по серијата средби меѓу Владимир Путин и лидерите на Блискиот Исток. Путин телефонски се слушна и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Guess who is running around Khan Yunis today as battles rage behind him? pic.twitter.com/XabVIyTnve
— Jack Ryan 🇺🇸🇺🇦 (@jackryan212) December 5, 2023
Она што допрва следи ќе биде уште покатастрофално, пишува Скај Њуз. Во тешките битки израелската армија на своите војници мораше да им обезбеди вода со авион. ИДФ се пофали дека со авион фрлила седум тони вода кои со падобрани слетале во Кан Јунис.
Оваа вода треба да биде доволна за стотици израелски војници.
Палестинското движење Хамас вчера предупреди дека ниту еден од заложниците кои беа киднапирани за време на нападот на 7 октомври и се уште се во Појасот Газа нема да замине „жив“ без преговори и „без одговор на нивните барања“.
Во меѓувреме Стјуарт Ремзи за Скај Њуз ја опишува состојбата во која се наоѓаат Палестинците во Кан Јунис:
„Луѓето сега живеат на страните на патиштата, надвор од болниците – во основа секаде каде што мислат дека е безбедно – во импровизирани пластични шатори. Многумина сметаат дека е едноставно премногу опасно да се биде внатре во зградите“, пишува тој.
Бројот на Палестинци загинати во Газа од војната меѓу Израел и Хамас надмина 17.700, од кои околу две третини се жени и деца, според Министерството за здравство на територијата под контрола на Хамас.
Израел верува дека убил двајца палестински цивили за секој милитант на Хамас во својата интензивна кампања за елиминирање на вооружената група од Појасот Газа, сооднос што портпаролот на ИДФ за Си-Ен-Ен минатата недела го опиша како „исклучително позитивен“.