НОВА ЖЕСТОКА ЗАКАНА ОД ТРАМП ЗА ИРАН „Или договор со разумното раководство, или…“
Шефот на САД изнесе нова остра закана кон Иран доколку не биде постигнат договор и доколку не биде отворен Ормускиот Теснец. Тој истовремено вели дека постигнат е голем напредок во преговорите со новото „поразумно“ раководство на Иран.
Претседателот на САД остро се закани со уништување на енергетската инфраструктура на Иран. Во објава на својата социјална мрежа Доналд Трамп повторно го нарече новото раководство во Иран е „разумно“, откако даде иста констатаија во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.
„САД водат разговори со новиот поразумен режим да ги завршат своите операции во Иран. Постигнат е огромен напредок, но, ако поради која било причина нема договор за кратко време, што најверојатно ќе биде постигнато, и ако Ормускиот Теснец не биде ‘отворен за бизнис’, ќе го завршиме нашиот „фин“ престој во Иран со кревање во воздух на нивните електрани, нафтени полиња и на островот Харг“, порача шефот на САД .
Според објавата на Трамп, тоа веројатно ќе ги вклучи и фабриките за десалинизација на вода. Тој вели дека сите овие стратешки позиции намерно уште не биле „допрени“ во војната.
Техеран ја отфрла капитулацијата
Од иранска страна, пораките се остри и недвосмислени.
Претседателот на парламентот порача дека Иран нема да прифати услови под притисок.
– Додека Американците сакаат Иран да капитулира, нашиот одговор е дека никогаш нема да прифатиме понижување – изјави тој.
Техеран дополнително предупреди дека ќе одговори доколку американските сили започнат копнена интервенција, што ја задржува ситуацијата на раб на ескалација.
Пакистан како нов канал за преговори
Во меѓувреме, се отвораат нови дипломатски канали. Пакистан најави дека е подготвен да биде домаќин на значајни разговори меѓу САД и Иран, со цел да се постигне сеопфатно и трајно решение за конфликтот.
Пакистанскиот министер за надворешни работи изјави дека контактите веќе се во тек на регионално ниво и дека постои подготвеност за посредување.
Сепак, засега нема потврда дека двете страни формално се согласиле да учествуваат во овие разговори.
Најави за копнена операција
Додека од Вашингтон се испраќаат пораки за можен договор, воениот притисок на терен не се намалува.
САД веќе испратија илјадници војници во регионот, а дополнителни специјални сили пристигнаа на Блискиот Исток, што отвора простор за поширока воена операција, вклучително и копнена офанзива што сè уште формално не е одобрена.
Паралелно, Израел продолжува со интензивни напади врз цели во Иран. Израелски функционери најавија дека нема да има намалување на темпото, дури и во пресрет на можни разговори меѓу Вашингтон и Техеран.
Во последните 24 часа биле извршени десетици воздушни напади, вклучително и врз локации поврзани со балистички ракети и воена инфраструктура, што ја зголемува тензијата и ризикот од поширок конфликт.