Жестока тепачка во Трибека! Летаа столици, уште пиштоли да извадеа!
На лице место покрај полицијата биле и инспектори на ДПИ, но тие не биле причината за пресметката.
Жестока физичка пресметка се случила синоќа во познат угостителски објект на булеварот Илинден во Скопје. Присутни во локалот пишуваа на социјалните мрежи.
Првпат излагам после коронава, и одма се дешава ТРИБЕКА ФАЈТ КЛУБ, па то маси, столици се фрлаат во шанкови, па то … алфи – хорори :)))))
— edencoek (@edencoek) February 20, 2021
Другари што се дешава во #Трибека????
Полиција врие, столици фрлање у шанк! Уште пиштоли да извадеа 😱— Milena (@mi_l3na) February 20, 2021
Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат за ТВ21 истакна детали околу вчерашните акции низ Македонија каде биле затворени неколку локали поради непочитување на протоколите.
– Така беше во Скопје Север, Волково, едно во Прилеп, еден објект во Македонски Брод – посочи Котели.
Таа истакна и детали околу синоќешната акција во познат угостителски објект на булеварот Илинден.
– Во обид да направиме надзор за почитување на протоколите околу 20:30 часот при влез во локалот се соочивме со толпа народ која што масовно излегуваше од објектот, што значи дека Пазарниот инспекторат воопшто не влезе внатре во локалот. Видовме дека веднаш дојдоа припадници на Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат се упати на друга локација – посочи Котели.