ЖЕСТОКА ДЕБАТА ЗА ПЛАТИТЕ Димовски и Ралповски ги судрија ставовите за зголемувањето

Димовски тврди дека треба да се направи општ колективен договор кој ќе ги опфати сите дејности и професии.

837

Благоја Ралповски од Конфедерацијата на слободни синдикати и Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија, вечерва во „Топ тема“ на ТВ Телма, водеа жестока дебата во врска со барањата за зголемување на платите во јавниот и приватниот сектор, каде имаше судир на нивните различни ставови за висината на покачувањето.

– СОНК требаше да си ја усогласи платата. Но, јас видов дека му извадиле спогодби каде што утврдувале некаков си износ во образованието од некои си 10.003 денари, да биде основицата на наставникот, а тогаш била минималната плата 14.400 денари. Зошто го направиле тоа спогодбено, можеби некој го рушел законот? И сега ние не треба тука да кажуваме дилеми, ние треба да го видиме колективниот договор кој сме го потпишале, еве ние, не Јаким кој во моментов не е тука, секој во својот грански синдикат и треба да го гледаме законот и да најдеме нова методологија како да го избегнеме тоа 6 месеци, бидејќи гледаме дека инфлацијата секојдневно расте. И да отвориме преговори и да утврдиме такво право во општиот колективен договор, каде што ќе кажеме на кој начин ќе се зголемуваат останатите плати со порастот на таа минималната – рече Димовски.






Ралповски од друга страна му забележа дека нема право да се меша во штрајкот на СОНК, посочувајќи дека СОНК, исто како и КСС, овие работи ги бараат веќе 5 години.

– Морам да кажам дека лани кога седнавме во ССМ заедно со вас да разговараме, по моја иницијатива, си подадовме рака дека ќе одиме до крај. На првата кривина на економско-социјалниот совет не истумбавте. Дали и тогаш го баравме, да, го баравме. Дали тогаш дознавте и ви беше појасно за членот 8 за минимална плата? Тоа што го бараме ние, фала богу и на телевизиите и медиуми и кај сите други синдикати почна да се зборува секојдневно за оваа тема. Тоа е нашиот успех, што ги подигнавме работничките права на едно повисоко ниво и секој од работниците знае што му следува согласно законот – тврди Ралповски.

Димовски тврди дека треба да се направи општ колективен договор кој ќе ги опфати сите дејности и професии.

Поврзани содржини