ЖЕСТОКА БИТКА ЗА КАРПОШ И ВО АНКЕТИТЕ Весковски води со „Рејтинг“, Јакимовски со „Прорисрч“

916

Кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, Душко Весковски, има 10 проценти повисок рејтинг пред противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски, покажува теренската анкета спроведена од агенцијата „Рејтинг“  врз 700 испитаници.

Според оваа анкета, 35,7 отсто од испитаниците во Карпош се изјасниле дека го поддржуваат Весковски, 25,4 од испитаниците го поддржуваат Зафировски, додека на трето место е кандидатот на Левица Дарко Ристовски со 8,6 проценти.






Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, кој е кандидат на неговата партија ГРОМ, има поддршка од 8,4 проценти, а 1,9 отсто од анкетираните се изјасниле во корист на кандидатот на коалицијата на ЛДП и ДОМ Христа Најденов.

Според анкетата на „Прорисрч“ за оваа скопска општина, кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски има три проценти предност пред кандидатот на СДСМ Душко Весковски.

Од анкетираните граѓани од општина Карпош, 28 проценти се изјасниле дека ќе гласаат за Јакимовски, додека за Весковски позитивно се произнеле 25 проценти. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски има 13,8 проценти поддршка, а Дарко Ристовски од Левица 8,5 отсто.

 

За советничките листи најголема поддршка има листата на СДСМ со 28 отсто, следува листата на ВМРО ДПМНЕ со 21,5 отсто, потоа е Левица со 11,1 отсто и на ГРОМ 8,8 отсто. За листите на „Независни за Карпош“ и на ЛДП/ДОМ се изјасниле идентично по 2 проценти.

Поврзани содржини