ЖЕСТОК РУСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ ОДЕСА Најмалку 13 повредени, погодени станбени згради и хотел

Сите надлежни служби и медицински екипи се на терен и работат на санирање на последиците од нападите. Формирани се и оперативни штабови за помош на повредените, објави воената администрација на градот.

216

Тринаесет лица се повредени во интензивните напади со дрон извршени ноќеска врз украинскиот град Одеса, соопшти началникот на градската воена администрација, Сергеј Лисак, на својот профил на „Телеграм“.

„Руските сили извршија масовен напад врз Одеса со дронови. Погодени се станбени згради и цивилни објекти во различни делови од градот. Причинета е штета на станбени блокови, хотелска зграда и патнички возила“, информира Лисак.






Сите надлежни служби и медицински екипи се на терен и работат на санирање на последиците од нападите. Формирани се и оперативни штабови за помош на повредените.

Поврзани содржини