ЖЕШКО ВИ Е? Е СЕГА И ЌЕ ВРНЕ И ЌЕ ВЕЕ И БУРА ЌЕ КОСИ! Прогнозата невреме ни носи

Од УХМР со препорака, во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

1,951

Утре ќе се задржи многу топло време и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури, а во деновите потоа температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Од УХМР соопштија дека од утре до средината на следната седмица (24.07) во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.






Во Скопје, од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси со пороен дожд, силен ветер и локална појава на град.

Од УХМР со препорака, во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Поврзани содржини