Жерновски објави фотографија од пратеникот Ристески, овој му возврати: Со чорап некој те тропнал? (ФОТО)
Пратеникот му посочи на Жерновски дека станува збор за фотомонтажа, а истовремено му ја испрати и оригиналната фотографија на којашто пишува: „Стево - слуга на Заев“.
Поранешниот заменик-министер за надворешни работи и актуелен директор на ЈП за Железничка инфраструктура, Андреј Жерновски, на Фејсбук објави фотографија од пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, на којашто се гледа како во рацете држи транспарент на кој пишува „Стево, вакцинирај ме“.
„Го разбира некој штосов?“, напиша Жерновски, а во коментар под фотографијата веднаш се јави Ристески.
Пратеникот му посочи на Жерновски дека станува збор за фотомонтажа, а истовремено му ја испрати и оригиналната фотографија на којашто пишува: „Стево – слуга на Заев“.
„Со чорап некој те тропнал?“, му напиша Ристески на Жерновски.
Подоцна, објавата беше избришана од профилот на директорот на ЈП за Железничка инфраструктура.