Три жени вчера по полноќ физички се пресметале за паркинг простор во Аеродром.
„Вчера (24.10.2024) во 00.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходни меѓусебни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 40-годишната А.М. и 20-годишната Р.Б. од една страна и 21-годишната С.М. од друга страна, сите од Скопје“, се вели во вчерашниот полициски билтен.