ЖЕНИТЕ НЕ СЕ САМО БРОЈКА НА ЗАСТАПЕНОСТ Сали смета дека тие им даваат квалитет на политиките
Вчера кандидатот на коалицијата Алијанса и Алтернатива имаше средба со граѓаните на населбата Серава
Кандидатот за градоначалник на општина Чаир од редовите на Алијанса и Алтернатива Беким Сали денеска се сретна со жени од општината.
– Имав задоволство да сретнам неколку жени од Чаир, со кои заедно разговаравме за важноста на вклучувањето на жените во јавниот живот, но и за обврската што ја имаме како мажи и како личности кои го преземаат товарот за нивното застапување, за да им овозможиме да го заземат вистинското место и да докажеме дека за нас тие не се само бројки на застапеност, туку дополнителен квалитет, без кој нашето политичко и јавно организирање не може да се замисли – рече тој.
Вчера Беким Сали имаше средба со граѓаните на населбата Серава. Додека одеше од врата на врата нему му се придружија и лидерите на двете партии Африм Гаши и Зиадин Села.
– Посетивме различни семејства од оваа населба, можевме да ги слушнеме нивните грижи и очекувања. Утврдивме дека Серава е подготвена за промени – изјави тој.