Жени со чинии во уста: Зошто се унаказуваат на овој начин?

1,471

Во долината на реката Омо во Етиопија живеат неколку племиња. Едно од нив е племето Мурси кое живее во близината на границата со Судан.

Носијата на ова племе е многу богата и шаренолика, а особено се познати жените од ова племе кои вметнуваат чинија во устата.






Од каде потекнува овој обичај?

Не се знае точната причина, но се верува дека овој обичај потекнува од времето кога во Африка дивееле ловците на робови. За да им бидат неатрактивни, се претпоствува дека жените намерно се унаказувале за да го избегнат ропството.

Освен тоа, постојат уште две теории. Едната вели дека Мурсите верувале дека лошите духови влегуваат преку устата, па со помош на чиниите тие се бранат од нив. Другата теорија вели дека од големината на чинијата зависи и миразот на жената. Колку е поголема чинијата, толку е поголем миразот.

Вметнување на чиниите

На девојчињата меѓу 15 и 16 години, мајките им ги расекуваат усните и им ги вадат двата предни заба од долната вилица, за да можат да им стават мала чинија (најчесто глинена или дрвена).

Се започнува со помали чинии, а големината се менува по одредено време, ако девојките можат да ја трпат болката која е присутна во текот на ширењето на устата. На жените им е многу напорно постојано да ја носат чинијата во устата, па ги ставаат само кога имаат племенски прослави.

 

 

Поврзани содржини