ЖЕНИ КОИ ПОСТАВУВААТ СТАНДАРДИ Рисима Рисимкин прогласена за „Жена на годината 2025“

Со 600 номинации и жири од јавни и стручни личности, годинашниот избор ги истакна жените со најголем професионален и општествен придонес.

118

Вкупно 10 жени, кои со својот професионален и општествен ангажман континуирано поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување, синоќа беа прогласени за победнички на македонскиот избор за „Жена на годината 2025“. Главната награда ѝ припадна на авангардната кореографка за современ танц Рисима Рисимкин, која ја понесе титулата „Жена на годината“.

Процесот на избор започна со онлајн номинирање отворено за јавноста, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од нив беше формирана листа на финалистки – по пет во секоја категорија, а конечната одлука ја донесе жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.






Покрај Рисимкин, признанија добија и:

„Жена со трајни вредности“ – Индира Кастратовиќ

„Жена менаџер на годината“ – Јелена Спасова

„Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата“ – Венера Крлиу

„Млада жена менаџер на годината (до 40 години)“ – Ениса Кадрии

„Жена со најголеми достигнувања во културата“ – Наталија Теодосиева

„Жена со најголеми достигнувања во спортот“ – Ангела Мојсовска

„Жена со најголеми достигнувања за општеството“ – Моника Ризовска Таневска

„Жена со најдобар стил“ – Наташа Петровска

„Инфлуенсерка на годината“ – Миа Арабаџиевска

Во рамки на настанот беше одржан и конференциски дел, на кој со предавања настапија Павле Зимбаков, Сузанне Пазит Гева, Елена Бубало, Данчо Димков и Марина Анчевска.

Организатори на изборот „Жена на годината“ се Маркетинг365 и Касиа Евентс, а настанот има за цел да ги истакне жените кои со својата работа и влијание придонесуваат за позитивни промени во општеството.

Поврзани содржини