Жената што го претепа мажот мавала со чаши и со столици, а доби и поддршка „Удри, мавај сестро“
Гостиварскиот случај привлече големо внимание во јавноста, затоа што одамна немало полициска приказна за семејно насилство кое е поттикнато од жена.
Жената од Гостивар што вчера го натепа својот сопруг среде кафеана собра аплауз на социјалните мрежи и поддршка од многу жени кои ја бодреа „Удри, мавај сестро“, „Да ти се позлатат рацете“, „Убаво си му направила“, но ретки беа тие кои отворено застанаа против семејното насилство кое е во пораст во време на пандемијата.
Гостиварскиот случај привлече големо внимание во јавноста, затоа што одамна немало полициска приказна за семејно насилство кое е поттикнато од жена.
МВР вчера кратко информираше во полицискиот билтен дека маж пријавил оти бил физички нападнат од неговата сопруга во угостителски објект, без да наведe детали како дошло до семејното насилство кое во овој случај се одвивало јавно во кафеана, но сепак дознавме што ја прелеало чашата.
Жената на педесет и деветгодишна возраст го натепала сопругот додека попладнето околу 15 часот седел на една од масите во угостителскиот објект „Кај Нешо“ кој се наоѓа на улицата Мара Угринова во Гостивар. Во еден момент, во кафеаната влегла неговата сопруга, се упатила на масата каде што седел нејзиниот маж, зела една од чашите за ракија од масата и почнала да го удрила по глава.
Потоа зела една од чашите за вода и со неа повторно сакала да го удри, но не успеала бидејќи сопругот ја фатил за рака. Тогаш лутата жена зела стол и го удрила мажот во подлактицата при што му нанела видливи повреди. Потоа со двете раце со шлаканици и со боксови почнала да го удира по лицето и по главата и му нанела видливи повреди.
Жената е приведена и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе има кривична пријава. Мотивот за ова насилство полицијата не го откри.