ЖЕНАТА НЕ СТАВИ МАСКА, АВИОНОТ СВРТЕ Инцидент на лет од Мајами за Лондон

Авиокомпаниите пријавиле речиси 6.000 инциденти во кои биле вклучени непослушните патници минатата година и 151 во првите две недели од оваа година, според Федералната управа за авијација. Повеќето од нив се патници кои одбиле да носат маски.

722

 

Авион на Американ Ерлајнс, кој летал за Лондон од Мајами, морал да се сврти бидејќи 40-годишна патничка одбила да носи маска за лице, соопшти авиокомпанијата. Летот AAL38 на Американ Ерлајнс со 129 патници се врати во Мајами каде го пречека полицијата, пишува Би-Би-Си.






Жената добила забрана да лета со оваа компанија, а кога се вратиле таа била придружувана од полицијата. Авионот поради неа морал да сврти само по еден час возење. Летот за Лондон Хитроу бил презакажан за следниот ден.

– Сите беа шокирани – изјавил еден патник за станицата CBS WFOR-TV по симнувањето од летот кој се случил во средата.

Авиокомпаниите пријавиле речиси 6.000 инциденти во кои биле вклучени непослушните патници минатата година и 151 во првите две недели од оваа година, според Федералната управа за авијација. Повеќето од нив се патници кои одбиле да носат маски.

Поврзани содржини