ЖЕНАТА МЕ НАПУШТИ, А БРАЌАТА МАСОНИ НЕ МИ СЕ ЈАВУВААТ Таткото што си ги уби трите деца во Хрватска објавил статус на Фејсбук
Копиц вечерта си играл со децата во станот, а потоа им подготвил вечера и ги испратил на спиење. Тоа било сон од кој не требало никогаш да се разбудат, бидејќи тој им ставил коктел од разни лекови во јадењето, пишува „Вечерњи лист“.
Австриецот Хералд Копиц, кој утрово си ги уби трите свои деца во Загреб, Хрватска, стравичното злосторство го извршил во 2 часот по полноќ во неговиот стан во елитната населба Млинови, објавија хрватските медиуми.
Тој на полицајците им признал дека сакал децата да ги убие безболно, но и покрај тоа што направил едно од најмонструозните убиства, сепак децата не ги убил ни безболно ни брзо како што претходно планирал.
Копиц вечерта си играл со децата во станот, а потоа им подготвил вечера и ги испратил на спиење. Тоа било сон од кој не требало никогаш да се разбудат, бидејќи тој им ставил коктел од разни лекови во јадењето, пишува „Вечерњи лист“.
Како што пренесуваат хрватските медиуми децата веднаш заспале, но Копиц не очекувал дека ќе почнат да се будат. Кога почнал да се буди седумгодишниот син, Копиц почнал да го дави. Детето не можело да пружи никаков отпор. Истото тоа го повторил уште два пати и со неговата сестра близначка и со најмалиот четиригодишен син. Кога се уверил дека ниедно од децата веќе не дише, ги зел едно по едно и ги однел на софата во дневната соба, ги наредил едно до друго и околу нив ги ставил нивните омилени играчки.
Малку време по полноќ, кога помислил дека децата засекогаш ги успал со таблетите, но пред да ги задави, 56-годишниот Австриец напишал проштален статус на Фејсбук и на Инстаграм. Во статусот тој се збогува со сите и посочува дека го сторил тоа затоа што го оставила љубовта на неговиот живот.
„Збогум на сите, ќе заминам затоа што веќе не можам. Љубовта на мојот живот ме остави бидејќи мојата поранешна сопруга беше лоша кон неа и немам пари. Сè што се обидов во последнава година и пол не ме врати на работа, дури ни браќата од масонската ложа не можеа да ми помогнат, на крај не ми одговараа ни на повиците. Само пријателите Манфред, Роланд и брат Хелмут ми помогнаа колку што можеа. Сега дојдов до крајот. Затоа, збогум“, напишал Копиц на англиски.
Овој статус на социјалните мрежи го забележал некој од неговите познаници и ја известил полицијата која веднаш се упатила во неговиот стан, но веќе било предоцна за да се спасат децата. Таткото кој по убиството на трите деца се обидел да се самоубие, е пренесен во болница каде по интервенцијата дал исказ за полицијата.