📷 ЖЕНАТА-МАЧКА ВО ЖЕШКО ИЗДАНИЕ Хали Бери на 57 години се појави во проѕирен фустан без градник

Холивудската актерка Хали Бери (57) знае како да остави впечаток со најновото појавување на црвениот тепих, каде пристигна во проѕирен фустан со тантела.

684

Холивудската актерка Актерката Хали Бери предизвика бурни реакции на холивудската премиера на „The Union“ – а еве зошто.

Хали Бери (57) знае како да остави впечаток со најновото појавување на црвениот тепих, каде пристигна во проѕирен фустан со тантела, под кој не носеше градник, а црните гаќи целосно и се гледаа.






Оскаровката се појави на премиерата на акционата комедија на Марк Волберг „The Union“ во понеделникот во Египетскиот театар во Лос Анџелес. Провокативното издание го следи нејзиниот моден манир – Бери често на јавните настани носи проѕирни фустани со кои ги привлекува сите погледи кон неа. За неа велат дека е „жена бомба“ и дека го мами времето со младешкиот изглед иако има 57 години.

Стилизиран од Линдзи Флорес, фустанот на Бери имаше исечоци околу половината и длабок V-изрез напред. Позирајќи им на фотографите, спремно ја покажа долната облека, а на прашањето зошто избрала такво парче облека, таа одговорила: „Затоа што можам“.

 


Покрај Марк Волберг, на Бери и се придружија и колегите Мајк Колтер, Адевал Акиннуоје-Агбаје, Џесика Де Гоу, Алис Ли и Џеки Ерл Хејли.

На актерите на црвениот тепих им се придружи и Џулијан Фарино, режисерот на новиот филм на „Нетфликс“.

Во синопсисот на филмот се вели: „Мајк, градежен работник од ниско ниво, е втурнат во светот на супер шпиони и тајни агенти кога неговата средношколска љубов, Роксана, ќе го регрутира за висока американска разузнавачка мисија“.

Поврзани содржини