Жената од Данска на возраст од 60 години која починала поради згрутчување на крвта по вакцинирањето со вакцина против ковид-19 на АстраЗенека, имала „многу необични“ симптоми, објави данската агенција за лекови.
Според агенцијата, таа имала намален број тромбоцити и згрутчувања во малите и во големите крвни жили, како и крвавење.
Програмата за вакцинација во Европа е пореметен во изминатите две недели по известувањата за појава на згрутчување на крвта кај лица по вакцинирање со АстраЗенека. Дел земји привремено го запре вакцинирањето со таа вакцина.
Европската агенција за лекови ЕМА објави дека нема индикации дека тие случаи се предизвикани од вакцината, а тоа го потврди и Светската здравствена организација.
АстраЗенека вчера објави дека ги преиспитала податоците за безбедноста на вакцината за лица кои ја примиле и дека нема докази за зголемен ризик од појава на згрутчување на крвта.