Жената како партиски огранок
За да зборите за рамноправност, прво морате и политички да ја демонстрирате, а вие со 4 министерки од 16 министерства и државава со 2 градоначалнички од 81 општина, немате ни за тоа право да зборите.
Каков исплакнат, формален, слогански, изпразнет од значење, марш за правата на жените, еднаквост и рамноправност.
Празни говори, флоскули и скапо шетање за илјадници паразити.
Ене ви ги 70-те работнички од Кавадарци, кои поради невладеење на правото ќе треба да платат 20.000 евра, затоа што тужеле што не добиле плати.
Ене ви ја родилката од Струга која ја оставија без органи, а докторот доби условна.
Ене ви еден куп манијаци и насилници по школи и насекаде, кои малтретираат жени, а ниедна институција не постапува.
Пред две недели имаше протест против насилство врз жените, со прст не мрдате.
Каква тажна партиска парада изведовте, во која жената ја изедначивте со партиски огранок.
За да зборите за рамноправност, прво морате и политички да ја демонстрирате, а вие со 4 министерки од 16 министерства и државава со 2 градоначалнички од 81 општина, немате ни за тоа право да зборите.
(Фејсбук статус на авторот)