ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ЈА УБИЛ, ТЕЛОТО ГО ЗАПАЛИЛЕ Убијците од гостиварско Неготино ќе се гонат за свирепо убиство

Осомничениот и осомничената како соизвршители, во гостиварско Неготино на свиреп начин ја лишиле од живот Хава Азизи од селото Здуње. Жртвата ја зеле од пред нејзиниот дом на 7 декември, ја однеле во својата куќа, каде ја убиле со огнено оружје, соопшти Јавното обвинителство.

793

Основното јавно обвинителство Гостивар почна истрага против две лица осомничени дека извршиле кривично дело Убиство од член 123 став од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

„Осомничениот и осомничената, како соизвршители, во гостиварско Неготино, на свиреп начин ја лишиле од живот Хава Азизи од селото Здуње. Жртвата ја зеле од пред нејзиниот дом на 7 декември, ја однеле во куќата на осомничените, каде започнале расправија за одредени недоразбирања. Потоа ја затвориле во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство. Осомничената донела пиштол, а осомничениот го извршил убиството со еден истрел од огненото оружје“, соопшти Обвинителството.






Потоа, заедно со количка го внеле телото на жртвата во автомобилот, се додава во соопштението.

„Го однеле телото во атарот на селото Неготино, каде го спуштиле во ископана дупка, го запалиле и го покриле со земја, гранки и со различни предмети“, соопшти ЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Поврзани содржини