Aктерката Гал Гадот по доделувањето на Златниот глобус откри дека го чека своето трето дете со сопругот Јарон Версан.
Ѕвездата на филмот „Жената чудо 1984“, актерката Гал Гадот, откри вчера откри дека е бремена.
Среќната вест ја објави на својот профил на Инстаграм со фотографија на која позира со сопругот и двете ќерки.
„Одиме повторно“, напиша Гадот покрај семејната фотографија, а честитки следуваа во коментарите.
Гал Гадот, од 2008 година е во брак со бизнисменот Јарон Версан од 2008, a заедно ги имаат ќерките Маја и Алма. На доделувањето на Златен глобус, актерката беше облечена во бел лелеав фустан, а многумина забележале дека крие нешто.
Инаку, поранешната манекенка стана холивудска sвезда откако во 2009 година се појави во филмот од серијата „Брзи и бесни“. Режисерот Зек Снидер во неа видел голем потенцијал, па одлучил да и даде шанса со улогата во „Жената чудо“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм