Жена загина во сообраќајка, барани од Интерпол се обиделе да ја напуштат земјава

Во сообраќајна несреќа повредени четири лица мешу кои и малолетник.

406

Автомобил излета од патот, загина едно лице: На 15.11.2020 околу 15.30 часот во с.Железница, кратовско на пат од с.Туралево кон Кратово патничко моторно возило „тико“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(50) од Кратово излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починала сопатничката П.К.(72) од Кратово, а Љ.К. и сопатничката С.К.(48) од Кратово се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.

Четворица повредени во судир на авцтомобил и камион: На 15.11.2020 во 17.45 часот на регионалниот пат 1303 Прилеп-Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Ќ.Х.(50) од Кичево и товарно моторно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Ј.(63) од с.Долно Оризари, битолско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ќ.Х., а со повреди се здобиле сопатниците во патничкото моторно возило, Ј.Х.(47) од с.Брждани,кичевско, С.И.(47) од с.Гарани, кичевско и 16 годишен малолетник од Кичево на кои им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп. За незгодата бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.






Уапсени двајца албански  државјани: На 15.11.2020 во 11,50 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Б.И.(29) од Р.Албанија бидејќи било констатирано дека евидира во евиденциите со мерка „Апси“ по барање на Интерпол од Германија. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка. Рано утрово во 02.45 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром“- Скопје од полициски службеници бил лишен од слобода Р.T.(33) од Р.Албанија, со фалсификувана италијанска лична карта. При преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта со исти податоци, а по извршен разговор пријавениот изјавил дека италјанската лична карта е фалсификувана и дека ја купил од лице во Р.Албанија. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

Уапсен и скопјанец баран од Интерпол: На 15.11.2020 во 10.30 часот на Граничен премин „Блаце” лишен е од слобода Е.Т.(40) од Скопје, кој се барал од Интерпол Италија поради одземање на патничко моторно возило.

 

Поврзани содржини