ЖЕНА СО 2,23 ПРОМИЛИ СОЗДАДЕ ХАОС Охриѓанка паднала од мопед, нападнала полицајци, па заврши во станица

Жена со 2,23 промили алкохол во крвта се однесувала агресивно по незгодата, полицијата ја привела на лице место.

1,542

44-годишната охриѓанка М.М. била пијана и предизвикала несекојдневен инцидент откако паднала со мопедот на улицата Гоце Делчев во Охрид, а потоа физички и вербално ги нападнала полицајците кои пристигнале да ѝ помогнат.

Како што информираат од СВР Охрид, инцидентот се случил околу 01:45 часот, кога полициските службеници биле повикани по пријава за паднат мопедист. На местото на настанот, откриле дека жената управувала мопед, изгубила контрола и паднала, при што се здобила со телесни повреди.






Наместо да прифати помош, таа почнала да се однесува агресивно кон полицајците. Била дрска, ги навредувала и се обидела физички да се пресмета со нив, поради што веднаш била лишена од слобода.

– По извршен алкотест било утврдено дека лицето имало 2,23 промили алкохол во крвта. Со неа била постапено согласно законските овластувања, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од полицијата дополнуваат дека се преземаат и други мерки за расчистување на случајот, а жената ќе одговара и за возење под дејство на алкохол.

Поврзани содржини