ЖЕНА СЕ ПОРОДИЛА ВО ТЕСЛА ВОЗЕЈЌИ СЕ НА АВТОПИЛОТ Бебето е здраво, го викаат Тес

Кога пристигнале пред болницата, педијатар се нашол на паркингот и донел тим од медицински сестри, кои ја пресекле папочната врвца над предното седиште на автомобилот. За среќа, бебето Мејв било здраво и безбедно.

438

Брачен пар за малку ќе го сменел средното име на своето бебе во „Тес“, што би било многу соодветно со оглед на тоа што бебето Мејв Лили Шери е родено на задното седиште на нивната „Тесла“ во септември додека колата на автопилот ги возела кон болницата, пишува Футуризам.

Болничарите ги очекувале мајката Јиран(33) и таткото Китинг Шери(34), но Јиран почнала да има грчеви дур била во колата. Таткото со едната рака го придржувал воланот иако бил на автопилот, а другата ја ставил на нејзе.






– Таа толку ми ја стискаше раката што мислев дека ќе ми ја скрши – изјави Китинг за Inquirer  и додаде:

– Ѝ реков на Јиран: Во ред, фокусирај се на твоето дишење. Тоа беше совет и за мене. Адреналинот ми растеше. (На син ми) му реков: „Рафа, сѐ е во ред. Пристигнува твојата сестричка.

Кога пристигнале пред болницата, педијатар се нашол на паркингот и донел тим од медицински сестри, кои ја пресекле папочната врвца над предното седиште на автомобилот. За среќа, бебето Мејв било здраво и безбедно.

– Не би бил премногу изненаден ако, во 2037 година, (новородената) Мејв ја добие својата прва возачка дозвола со истава Тесла – изјави Китинг за весникот.

Поврзани содржини