ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА СО ПРОСТРЕЛНА РАНА ВО ГЛАВАТА Трагедија во Скопско, полицијата го приведе сопругот на убиената

Полицијата и обвинителството истражуваат случај во скопското село Копаница, каде е пронајдена почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата.

30

Жена на 37-годишна возраст е пронајдена почината во скопското село Копаница со прострелна рана во главата, соопштија надлежните по извршениот увид на местото на настанот.

Случајот го истражуваат јавен обвинител од ОЈО и екипи на МВР, кои веднаш по пријавата пристигнале во селото и извршиле увид.






Во близина на телото бил пронајден пиштол „Глок 19“, кој, според првичните информации, бил сопственост на нејзиниот сопруг.

По наредба на обвинителството, телото е дадено на обдукција, а паралелно се собираат докази за целосно расчистување на случајот.

Сопругот на починатата е приведен од страна на полицијата, а против него е покрената истрага за недозволено поседување оружје. Судот веќе му одредил притвор.

Истрагата продолжува за да се утврдат сите околности под кои се случила трагедијата.

Поврзани содржини