ЖЕНА ПРЕГАЗЕНА НА УЛИЦА ВО КАВАДАРЦИ Пренесена е во болница со тешки повреди

Педесет и двегодишна жена од селото Марена е хоспитализирана со тешки повреди по удар од автомобил.

150

Педесет и двегодишната К.Е. од селото Марена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што попладнето се случила на улицата „Шишка“ во Кавадарци. Според информациите, во неа удрило патничко возило „фиат“ со локални регистарски таблички, управувано од 50-годишниот З.Т. од Кавадарци.

Повредената жена била пренесена во Општата болница во Кавадарци, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. Од ОВР Кавадарци беше извршен увид на местото на несреќата.

Поврзани содржини