На улицата Александар Урдаревски во скопската населба Бутел вчера околу 13 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу три автомобили во која едно лице е тешко повредено, информира МВР.
Во несреќата учествувале патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(30) од Скопје, патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(49) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(26) од Скопје, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т. , констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.