ЖЕНА ПАДНАЛА ВО СТРМЕН ЗАСЕК ВО НЕГОТИНСКО Додека дошле спасувачите самата се извлекла

241

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна жена во стрмен засек покрај пат, откако се лизнала при движење по земјениот пат од Неготино кон село Тимјаник, соопшти денеска ЦУК.

По пријавата, веднаш биле известени полицајците од ПС Неготино и пожарникарите од ТППЕ Неготино, како и Итната медицинска помош.






– Во првото нејзиното јавување информирала дека не можела да излезе сама од таму, но се обидувала, па подоцна ѝ успеало во момент кога спасителите дошле во близина, на самото место. Конкретно, екипа од ПС Неготино итно отишла на местото на настанот и го пронашло возрасното женско лице на земјениот пат. Иако лицето немало видливи повреди, сепак, превентивно е преземено од Итната медицинска помош и со возило е однесено до локалната амбуланта, соопшти ЦУК.

Во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало 1.951 повик, за отстранување вода од улици, паднати дрвја и одрони, како и за еден пожар на отворено.

Поврзани содржини