ЖЕНА ПАДНА ОД ТРЕТИ КАТ НА СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА ВО ОХРИД Две лица се приведени во врска со инцидентот
Жената е итно пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид
Жена падна од трети кат на зграда на улицата Карпош Војвода во Охрид, а потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, извести СВР Охрид каде настанот е пријавен денеска во 10:11 часот.
Во врска со настанот во 11.45 часот на улицата Јане Сандански во Охрид уапсени се А.Д.(32) и Е.М.(21) двајцата од Охрид. На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот, извести охридската полиција.