ЖЕНА ОГРАБЕНА ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ Крадецот ѝ ја грабнал чантата и побегнал
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.
Синоќа во 23.30 часот во СВР Скопје, З.В.(43) од Скопје пријавила дека околу 22.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно машко лице со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со паричник и лични документи, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.