Жена од Нераште се кубела за коси со две девојки за да го одбрани сопругот

Причина за расправијата била сообраќајна незгода. Полицијата бележи физичка пресметка во угостителски објект, како и закани по живот за жена од сопругот.

655

Две девојки на 23 и 24 години пријавиле дека 37 годишна жена физички ги нападнала откако претходно се расправале со нејзиниот сопруг.  Причина за расправијата била сообраќајна незгода. Полицијата бележи физичка пресметка во угостителски објект, како и закани по живот за жена од сопругот.

– Во СВР Тетово вчера Б.О.(24) од тетовско Нераште и А.С.(23) од тетовско Слатино во СВР Тетово пријавиле дека околу 15 часот во Нераште физички биле нападнати од 37-годишната В.Т. од ова село, откако претходно вербално се расправале со нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Тетово.






Тетовската полиција вчера бележи физички пресметка околу 20 часот помеѓу сопственик на угостителски објект и гостин.

– Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на улица „121“ во Тетово, со физичка пресметка помеѓу С.С.(24), сопственик на објектот и Ќ.Ц.(38), кој престојувал во објектот, двајцата од Тетово. На пресметката и претходела нивна меѓусебна вербална расправија во угостителскиот објект. Двајцата инволвирани во тепачката приведени се во Полициската станица Тетово и се расчистува случајот – соопшти СВР Тетово.

Педесет и едногодишна жителка на тетовско село вчера во 14 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 14 часот нејзиниот 56-годишен сопруг ја навредувал и се заканувал по животот. Пријавениот, еден час подоцна, лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Поврзани содржини