Халима Киси, 25-годишна жена од Мали, роди девет бебиња во Мароко – две повеќе отколку што лекарите претходно виделе на ултразвук.
– Киси роди пет девојчиња и четири момчиња со царски рез и сите се чувствуваат добро – изјавила д-р Фанта Сиби, министерка за здравство на Мали.
Сиби додала дека породувањата за време на кои се раѓаат девет бебиња се многу ретки, компликациите се чести, па се случува новороденчињата да не преживеат и притоа им честиташе на членовите на двата медицински тима за среќниот крај.
Бременоста на Халима беше следена со воодушевување во Мали, дури и кога се сметаше дека ќе роди седум бебиња.
Лекарите биле загрижени за нејзиното здравје и дали бебињата ќе преживеат, па и власта се вклучила во пружање помош.
– По двонеделен престој во болница во Бамако, главниот град на Мали, донесена е одлука Халима да се префрли во Мароко на 30 март – рекла Сиби, додавајќи дека таа се породила по пет недели престој на клиника во Мароко.
Мајката со децата се очекува да биде пуштена дома за неколку недели.
„Мама и бебињата засега се чувствуваат добро. Тие треба да се вратат во својата татковина за неколку недели“, изјавила министерката за здравство на Мали.
Лекарите биле исклучително загрижени за здравјето на Киси и нејзините потомци. Имено, мал број трудници родиле девет бебиња одеднаш, а покрај тоа шансите за преживување на бебињата се генерално мали.
ФОТО: Фејсбук