ЖЕНА ОД КОСОВО ПОЧИНА ПО ВАДЕЊЕ ЗАБ Медицинската сестра имала завршено за кројачка, ама ја фалсификувала дипломата

Во ординацијата пронајдени се 18 свидетелства и дипломи заверени со фалсификувани печати на Средното медицинско училиште и на Медицинскиот факултет.

1,948

Пациентка почина по вадење заб во Ѓаковица, град во западниот дел на Косово.

Едномесечен притвор му е одреден на стоматолог од приватната ординација која го извршил зафатот, додека на неговата медицинска сестра од Малишево ѝ е одреден куќен притвор од еден месец, јавува Н1.






Стоматологот е осомничен за несовесно лекување и незаконско вршење на медицинска дејност, а медицинската сестра за неовластено вршење на медицинска дејност и посебни случаи на фалсификување исправа. Имено, медицинската сестра завршила кројачко училиште, па немала соодветна стручна подготовка за давање медицински услуги.

Во ординацијата пронајдени се 18 свидетелства и дипломи заверени со фалсификувани печати на Средното медицинско училиште и на Медицинскиот факултет.

За време на вадењето заб, стоматологот користел несоодветни методи на лекување. Пациентката починала во дворот од ординацијата по вадењето на забот, а во болницата во Малишево утврдиле дека смртта настапила поради примена на несоодветни методи и терапија што ја користел стоматологот при самото вадење, јавува Н1.

Поврзани содржини