Гостиварец бил физички нападнат од неговата сопруга во угостителски објект.
„Во текот на вчерашниот ден, во 16.10 часот С.А пријавил дека истиот ден околу 15 часот, бил физички нападнат со тврди предмети од неговата сопруга С.С. (59) од Гостивар во угостителски објект“, информира МВР.
С.С. е приведена и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, вели МВР.