ЖЕНА МАКРО ОД КОЧАНИ Шерувала компромитирачки видеа на Фејсбук и земала пари
Н.Н. изјавила дека видеозаписите биле направени со намера да бидат испратени преку „Фејсбук“ на друго лице, за што на неа требало да и бидат исплатени пари, велат од полицијата.
Кочанската полиција во координација со јавен обвинител вчера во полициска станица ја повикале Н.Н.(26) од село Соколарци, кочанско, во врска со ширење на видеоматеријал со недолична содржина, информира МВР.
Жената се соничи за кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 и „посредување во вршење проституција“ по член 191 од Кривичниот законик.
– Во присуство на адвокат со неа е извршен службен разговор, при што Н.Н. изјавила дека видеозаписите биле направени со намера да бидат испратени преку „Фејсбук“ на друго лице, за што на неа требало да и бидат исплатени пари – велат од полицијата.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Министерството за внатрешни работи