Анџелика Гаитан (46) исчезна пред две години. Никој не можеше ниту да замисли дека на 26 септември, речиси несвесна, рибарите ќе ја пронајдат како плови по морето околу еден ипол километар од брегот на Порто Колумбија.
Исцрпената жена со знаци на хипотермија ја спаси рибарот Роландо Висабал. Тој прво ѝ се обратил на шпански, а потоа и на англиски јазик, не знаејќи дали може да го разбере.
Полицијата истражува што правела во претходните две години и како завршила во морето.
Објавеното видео ги прикажува Висбал и неговиот пријател Густаво во чамец како се приближуваат кон жената што плови. Во првиот миг помислиле дека има некаков труп во водата, а потоа сфатиле дека жената е во неволја. Тие ја влечеле кон чамецот со помош на јаже врзано за појасот за спасување, кое претходно ѝ го фрлиле. Висбал одвај успева да ја извлече од водата и да ја крене на бродот. Тој ја смирува и ѝ дава вода да пие, но таа е видно вознемирена и плаче.
Според извештаите од болницата, жената пловела во водата околу осум часа и дошла во болница во состојба на шок. Откако се закрепнала, Анџелика изјавила дека жали за моментот кога решила да скокне во вода и како самиот Бог ја спасил од давење.
– Благодарна сум, Бог ми даде нова можност да продолжам – рече таа. Полицијата почна истрага за случајот, за да се открие каде била спасената жена во изминатите две години.
Несреќната жена, за RCNRadio изјавила дека нејзиниот сопруг ја тепал и малтретирал за време на последните две бремености, пренесува „Дејли мејл“, а таа не можела да избега поради децата. И откако го пријавила неколку пати, сè се враќало по старо
Медиуми објавија дека Анџелика била во врска со насилникот 20 години.
– Злоставувањето започна за време на бременоста, тој ме тепаше. Во текот на втората бременост, малтретирањето продолжи и не можев да побегнам од него затоа што девојчињата беа мали. Го пријавив во полиција неколкупати, но тие ќе го одведеа на 24 часа и кога ќе се вратеше, насилството продолжуваше. Одлучив да заминам по бруталниот напад. Во септември 2018 година тој ми ја скрши главата и се обиде да ме убие. Му благодарам на Господ, успеав да избегам – ја започнала својата исповед.
Според нејзиното сведочење, пред две години, избегала и шетала по улиците шест месеци сè додека не била примена во засолниште за жени каде што рече дека била исто така малтретирана и не го нашла засолништето по кое копнеела.
– Жените ја исклучуваа водата додека се туширав или ставаа течен сапун во мојот сок – рече таа.