Жена измамена за 60.000 денари

670

Во полициската станица Крива Паланка, вчера маж пријавил дека неговата мајка била измамена за сума од 60.000 денари, информира МВР.

– Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во Англија и побарало од неа 60.000 денари за да ја спаси од затвор. Според пријавеното, жената ги дала парите на лицето на договореното место. По преземени мерки, во врска со настанот бил приведен С.Р.(46) од Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

Поврзани содржини