ЖЕНА ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ ВО ПОЖАР Страшна трагедија ги вознемири жителите на Тетово

Соседите први забележале чад и повикале противпожарна единица, но трагедијата веќе се случила; полицијата започна увид за утврдување на причините за пожарот.

219

Трагедија ја потресе населбата Вонвардарска во Тетово утринава околу 8:30 часот, кога една повозрасна жена го загуби животот во пожар што избувнал во нејзината семејна куќа, објави Тетово Инфо.

Сопругот на жртвата бил надвор од домот во моментот на пожарот, а соседите први забележале чад и веднаш повикале противпожарна единица. Пожарникарите интервенирале со три камиони и осум пожарникари, но, за жал, жената не можела да биде спасена.






„Имаме една жртва за жал внатре во куќата. Пожарникарите отишле таму со три камиони и со осум пожарникари интервениравме. Човекот што бил со неа, бил надвор од куќата, немало некој друг што може да го забележи тоа. Комшиите што живеат околу нив, забележале дека има чад и викнале противпожарна единица“, изјави Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

По локализирањето на пожарот, полицијата и обвинителството започнаа увид за да се утврдат точните причини за трагедијата.

Поврзани содржини