Жена го сними моментот кога кит ѝ го голта кајакот: Се најдов во устата на чудовиштето, мислев дека сум мртва (ВИДЕО)

Жените започнаа да врескаат во паника, но, за среќа, повторно беа брзо во водата.

1,815

Џули Максорли и Лиз Котриел за малку ќе беа убиени во понеделникот во Калифорнија кога кит го проголта нивниот кајак.

Две жени не беа далеку од плажата Авила и снимаа птици како летаат над водата во јато. Во следниот момент, можете да видите како нешто го голта нивниот кајак, а потоа тие исчезнуваат под водата. Се испоставило дека ги проголтал грбав кит кој бркал јато риба.






Жените започнаа да врескаат во паника, но, за среќа, повторно беа брзо во водата.

Не е познато која снимка е подраматична, дали нивната, или на соседниот кајакар, кој го овековечи моментот кога китот го проголта кајакот.

– Мислев дека сега ќе го оттурнам, ќе се извлечам себеси… И тогаш дека сум мртва, дека сигурно сум мртва – раскажува Котриел за најбизарната ситуација што веројатно ја доживеал некој во светот.

За среќа, сите околу нив побрзаа да веслаат кон жените, да ги извлечат од водата.

Кит ги исплука и жените и кајакот и тие излегоа неповредени на површината.

– Некако се вративме на брегот. Се сеќавам дека се тресев целата, додека риби ми испаѓаа од мојата маица – вели Лиз.

Поврзани содржини