Алпинистката и спасителка марион Шангуд Дупи пред три години ја почна акцијата „Clean Everest” ( да го исчистиме Еверест“, со цел да го ослободи планинскиот врв од ѓубре кое таму се собирало повеќе децении.
За само три години Марион и нејзиниот тим исчистиле 8,5 тони отпад од највисокиот врв на светот. За жал експедициите на ова подрачје ја уништиле природата.
Марион претходно патувала во Индија, Тибет, а последните 17 години живее како планински водач, и во рамките на работата одлучила да го почне проектот „да го исчистиме еверест.
Таа успеала да ги убеди локалните власти да ја финасираат технологијата со која ѓубрето ќе се спушти низ планината. Нејзиниот трд доби признание во 2019 година, ја освоила меѓународната награда „Terre de Femmes“ , која ја доделува франсуската организација „Fondation Ives Rocher”.
Мисијата не е само да се спаси животната средина, туку и промена на квалитетот наживот на тие кои таму живеат. Две милијарди луѓе живеат во кинеските и индијските долини и користат загадена вода за пиење поради ѓубрето на Хималаите.
Таа се надева дека ќе го исчисти целиот хималајски планински венец.
– Кога човек ќе се качи на Еверест би требало да ја доживее една од најчистите интеракции помеѓу луѓето и природата, а не да гази по ѓубре – вели Марион.
– Кога во 2013 година стигнав на врвот, сватив дека планината е оштетена бидејќи луѓето фрлале ѓубре насекаде во природата изминатове 30 години експедиција. Проценив дека само на врвот има речиси 10 тони ѓубре. Бев целосно шокирана – вели Марион.